Заштита на децата од сонце!

Кој не го сака сонцето и неговата топлина! Сонцето е неопходно, бидејќи го активира витаминот Д, кој е неопходен за апсорпција на калциумот во нашето тело. Сонцето од психолошки аспект има каталитички ефект и е од суштинско значење за правилната функција и развојот на нашиот организам. Како и секогаш, неограничената изложеност на сонцето може да предизвика сериозни здравствени оштетувања, особено кај децата.

Заштитете ги Вашите деца правилно од штетните ефекти на сончевото зрачење, следејќи ги советите на нашите експерти, за да можете да го задржите сонцето на безбедно растојание и да уживате само во неговите корисни својства, без негативни последици по здравјето.

Сите ние сме еднакви.

Едно важно правило гласи дека за сите возрасти па и за децата темната кожа е посигурна под сонцето, во споредба со посветлите тонови! Ова е неточно! Темната детска кожа е подложна на ризик исто како и светлата.

Сенката не е доволна!

Многу родители помислуваат дека нивните деца се безбедни под сенката на чадорот или некое дрво, но тоа не е во ред. Песокот и белите камчиња го рефлектираат зрачењето на сонцето кое ги пробива дури и облаците.

Се работи за времето!

Како што А хидратантот не е погоден за сите возрасти, така и заштитниот фактор! Чувствителната детска кожа има потреба од висок индекс на заштитен фактор и специјално развиени формули за заштита. На детската кожа кремата со заштитен фактор треба да се нанесе 30 минути пред изложување на сонце, а потоа да се повторува со нанесување секои 2 часа и секој пат после пливање или бришење со пешкир. Покрај ова исто така треба да се избегнува и изложеност на сонце помеѓу 10 часот претпладне и 16 часот попладне.

Специјални додатоци.

Јасно е дека облеката со светли бои заштитува од сончевите зраци, но нејзината заштита ќе престане кога ткаенината ќе се навлажни од морската вода добивајќи флеки. Во овој случај веднаш треба да ја промените облеката на Вашето дете. Претпочитајте ја облеката што навистина ги заштитува Вашите деца од сонцето! Додатоци за сончање кои исто така, играат важна улога во целосната заштита се шапката и очилата за сонце!