Фото-стареење

Додека бевме млади, сите уживавме во безброј моменти под сонцето, но денеска сончевите зраци не даваат само бенефиции на нашето тело туку предизвикуваат и голем број штетни последици. Број еден причина за предвремено стареење е сончевото зрачење. УВБ-зраците може да бидат одговорни за “едноставни” изгореници, но УВА-зраците се одговорни за трајно оштетување на кожата од изложувањето на сонце бидејќи продираат подлабоко во нашиот епидермис.

Пролонгираната изложеност на ултравиолетово зрачење се означува на нашата кожа со појава на кафеави дамки кои се сведоци на раните фази на фото-стареењето. Поголема веројатност за предвремено стареење на кожата поради ултравиолетовото зрачење имаат луѓето со светла или сува кожа.

Што е фото-стареење? Тоа е предвремено стареење на кожата кое наликува на нормалното стареење, но се должи на изложувањето на сонце. Епидермисот ја губи еластичноста и се намалува колагенот на телото.

Бидејќи фото-стареењето е неповратно, најдобар третман е превенцијата тоа воопшто да не се случи. Најбезбедните начини за справување се хидратацијата на кожата пред и по изложеноста на сонце како и минимизирање на изложеноста на ултравиолетово зрачење. Фото- стареењето е рангирано во четири фази: благ, умерен, напреден и сериозен степен.

Дневната употреба на фактор за заштита од сонце е најдобриот начин за спречување на фото-стареењето и одржување на нашата кожа млада, особено во области кои се подложни на фото-стареење како што се лицето, градната коска, грлото и рацете. Чувајте го телото навлажнето и носете ги сите потребни додатоци кои ќе ве заштитат. Заштитете ја кожата за време на изложеноста на сонце за да го спречите фото-стареењето и да ја задржите младоста на Вашата кожа.