Преку правилна исхрана добијте ја таа блескава кожа што отсекогаш сте ја посакувале
Кожата е еден од најнеобичните органи на нашето тело. Таа ни помага да го разбереме светот околу нас, со неа ја чувствуваме температурата, и нè штити од надворешните штетни фактори. Иако од раѓање нашата кожа е флексибилна, со текот на времето и стареењето таа ја губи својата еластичност, хидратација и свежина. Правилната исхрана е важен фактор за зголемување на енергијата која го штити нашето тело и му го дава оној сјај што доаѓа одвнатре!
Ореви
Оревите се богати со енергија и содржат алфа-линоленова киселина која го подобрува производството на клетки и хидратацијата на кожата.
Калинка
Калинката содржи богати антиоксиданти и ја осветлува кожата! Покрај тоа, таа исто така содржи и елагична киселина која го забавува уништувањето на колагенот.
Спанаќ
Спанаќот дава богата хидратација на кожата бидејќи на нашето тело му ги обезбедува витамините А и Ц.
Домати
Доматите се богати со антиоксиданти и ликопен, кои нè штитат од штетните сончеви зраци! Доматите исто така дејствуваат и против стареењето на кожата!
Зелен чај
Зелениот чај има многу корисни ефекти за нашето тело, а еден од нив е и подмладување на кожата која е дехидрирана од сончевото зрачење.
Какао
Какаото содржи флавоноиди кои придонесуваат во подобрување на циркулацијата на крвта и регенерација на клетките!
Соја
Сојата содржи силни својства против стареењето на кожата! Таа ја подобрува нејзината природната еластичност и помага во одржување на цврстината на нашето тело!