CARROTEN ТЕХНОЛОГИЈА
SUPREME LIGHT ТЕХНОЛОГИЈА
УВБ + УВА + ВЛ + ИРА
Новиот Carroten цели кон најширок спектар на сончеви зраци!

4 нивоа на збогатен систем на заштита (УВБ+УВА+ВЛ+ИРА) за опфаќање најширок спектар на сите сончеви зрачења одговорни за превремено стареење и други оштетувања на кожата.
Дали сте знаеле дека секоја бранова должина во сончевиот спектар е одговорна за различно видливо оштетување на кожата?
- УВБ зраците се одговорни за изгорениците од сонце
- УВА зраците го забрзуваат стареењето на кожата
- Инфрацрвените зраци предизвикуваат високо затоплување и уништување на Колаген-1
- Видливата светлина е поврзана со оксидативен стрес и хипер пигментација.
Дали сте знаеле дека само 10% од сочевото зрачење е УВ зрачење?
Што се останатите 90%? СМЕТАТЕ ЛИ ДЕКА СТЕ БЕЗБЕДНИ СО ПРОИЗВОДИТЕ КОИ ОБЕЗБЕДУВААТ САМО СО УВ ЗАШТИТА ОД СОНЦЕ?
Размислете уште еднаш и изберете го Вашиот CARROTEN производ!
Carroten овозможува прекрасен тен, истовремено обезбедувајќи длабока нега на кожата!
DEEP TAN СИСТЕМ
МОРКОВ + БРАЗИЛСКИ ОРЕВ+ ОРЕВ
Троен напреден систем за потемнување и нега на кој овозможува интензивен и блескав тен на кожата.
INFINITE TAN СИСТЕМ
МОРКОВ + КОКОСОВО МАСЛО
Напреден систем за потемнување кој го забрзува потемнувањето на кожата и обезбедува интензивен, богат и блескав тен.
AQUA MIMIC ТЕХНОЛОГИЈА
Ги имитира природните хидратизирачки механизми на кожата,оджувајќи оптимални нивоа на хидратација.
ОСНОВНИ СОСТОЈКИ
ВИТАМИН Д
Познат исто како “сончев витамин”, витаминот Д не може да се најде често во прехрамбените производи, па затоа и неговото консумирање не ги покрива потребите кои ги има нашето тело. Како што описот погоре прикажува, предуслов за развивање на витаминот Д е изложување на нашето тело на прекрасното сонце. Витаминот Д е клучен фактор за развој и одржување на природната функција на коските. Количината на произведен витамин Д, внатрешно, зависи од јачината на ултравиолетовото зрачење кое телото го восприема. Степенот на развивање на витаминот е повисок на пладне отколку рано наутро или доцна попладне. На сенка во текот на облачните денови, количината на витаминот Д што се произведува е помала.
МОРКОВ
На кој начин морковот е поврзан со потемнувањето на кожата и безбедно изложување на сонце? Многу научни студии за ефектот на морковот врз кожата покажаа дека:
- Бета-каротенот содржан во морковите, ја подготвува кожата за изложување на сонце и го забрзува потемнувањето со тоа што придонесува во производството на меланин.
- Морковите содржат моќни антиоксиданти како што се каротеноидите, кои го спречуваат формирањето на слободните радикали кои се одговорни за предвременото стареење и го зајакнуваат имунолошкиот систем на кожата која е изложена на сончевото зрачење.
- Кожата има способност да го претвори бета-каротенот содржан во морковите во витамин А, кој делува против стареењето и ја пoдобрува виталноста на кожата. Тој се смета за витамин на младоста и убавината.
Последно, но не и најмалку важно, да не заборавиме дека морковот е тајната зад тој супер-егзотичен и природен Carroten тен!
ЛИЦЕ (ВИТАМИНИ F,A,C,E)
Како богати извори на антиоксиданти, витамините F, A, C и E ја заштитуваат кожата од дејството на слободните радикали, кое се зголемува за време на изложеноста на сонце и предизвикуваа предвремено стареење на кожата.
Ω 3, 6, 7, 9 МАСНИ КИСЕЛИНИ
Омега 3, 6, 7 и 9 масните киселини ја зајакнуваат природната одбрана на кожата од УВ зрачењето. Во исто време, тие придонесуваат за хидролипидна рамнотежа, одржувајќи ја еластичноста и младешкиот изглед на кожата. Бројни студии покажаа дека омега масните киселини покажуваат антиинфламаторно дејство, намалувајќи го црвенилото предизвикано од изложеноста на УВ зрачењето.