Прв ден на плажа
1 мај, е идеална прилика за твојата прва посета на плажа! Но, што е со сонцето? Тоа го подобрува нашето расположение и не полни со енергија, но може да биде и опасно по здравјето.
“Може ли сонцето да ни биде пријател?
Се разбира, но само под посебни околности! ”
Не сме сите “еднакви” под сонцето. Секој има различни потреби во зависност од типот на кожа. Многу светли тонови на кожата се повеќе фотосензибилни и бараат поголема заштита од сонце, додека потемните тонови треба да се заштитат со користење висока UV заштита а потоа да се продолжи со користење на средна заштита од сонце. За сите типови на кожа, употребата на заштитен фактор е од суштинско значење во секој сончев ден од годината.
“Сочувај ја младоста”.
Дали знаевте дека користењето на креми со заштитен фактор е исто толку значајно за телото толку колку што се кремите против стареење важни за лицето? Со оглед на тоа што УВ зраците се главниот фактор за стареење на кожата, намалување на продукцијата на колаген и еластин, како и главна причина за различни видови на рак на кожа, употребата на заштитен фактор за сончање е најефективен начин за зачувување на младоста и здравјето на нашата кожа.
“Бронзен шарм”
Совршен тен е број 1 летна цел, но избегнувајте изложеност на сонце, особено во текот на интензивните зрачења измеѓу 10.00 -16.00 часот. Долготраен и темен тен, се постигнува со правилен метод. Со соодветно средство за заштита од сонце и постепено изложување неколку минути на сонце секој ден, меланинот се стимулира, без добивање изгореници.
“Ритуал за убавина”
Како ритуал за убавина, кожата се подготвува со нанесување на заштитен фактор 30 минути пред изложување на сонце, така што тој ќе се апсорбира правилно. Повторно нанесете кога е потребно. Исто така е важно да не заборавите дека на кожата и треба третман и по изложеноста на сонце.
Засилете го Вашиот сончев штит со заштитување на деловите на телото кои се најосетливи на изгореници, како што се врвот на носот, пределот околу очите, челото, вратот и градите. Носете шапка, очила за сонце и светли маици, кога не можете да го избегнете сонцето во пладневните часови.
“Грижи се за себе”
Редовно проверувајте младежите на кожата за било какви промени, бидејќи ова е најдобриот начин за лоцирање на раните фази на ракот на кожата.