ЧПП
ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Без заштита, изложеноста на сонце е безбедна само во одреден временски период, кој според типот на кожата варира од 5 до 30 минути.Факторот за заштита од сонце е размножлив фактор за ограничување на времето за самозаштита на кожата. Резултатот на множење на заштитниот фактор на производот со природниот временски период на сончевата отпорност на кожата (без заштита) создава вкупна количина на време во кое можеме безбедно да уживаме во сонцето.
УВ-заштитните филтри можат да попуштат под влијание на сончевото зрачење, да ги намалат нивните заштитувачки функции и да им дозволат на штетните зраци да навлезат во кожата. Поради тоа, од суштинско значење за филтрите да бидат “фотостабилни”, со цел да се обезбеди оптимална заштита.
Сите Carroten производи за заштита од сонце содржат фотостабилни филтри..
Супериорен спектар на заштита значи дека производот за заштита од сончево зрачење има способност да заштити од штетните ефекти на најширок спектар на сите сончеви зраци, УВБ+УВА+ВЛ+ИРА.
Сите Carroten производи за заштита од сончевoто зрачење обезбедуваат супериорен спектар на заштита.
‘”Водоотпорните” производи за заштита од сончево зрачење може да ја задржат наведената вредност на заштитен фактор по одредено време поминато во вода. Важно е производот да биде водоотпорен, бидејќи водата заштитува само од топлината, а не штетното УВ-зрачење.
Сите Carroten производи за заштита од сончево зрачење се отпорни на вода до многу отпорни на вода.
Заштитата од сонце може да се означи само со “многу висока ” ако има заштитен фактор од 50+. “Висока” заштита, ако има заштитен фактор помеѓу 30 и 50. “Средна” заштита значи дека производот за заштита од сончево зрачење има заштитен фактор од 15 до 25. И “ниска” заштита значи дека заштитниот фактор е под 10.
Производите за заштита од сончево зрачење мора да подлежат на дерматолошки контроли со цел да обезбедат максимална безбедност и здравје за оние кои ги користат.
Сите Carroten производи за заштита од сончево зрачење се подложени на постојани дерматолошки контроли. Тие исто така се тестираат со фототоксичност, ин-виво.
Отпорност на песок значи дека песокот лесно може да се отстрани од кожата.
Времето ги остава своите траги на кожата. Неисхранетоста, стресот, пушењето, загадувањето на животната средина, но исто така и изложеноста на сонце може да го забрзаат процесот на стареење, што резултира со појава на повеќе брчки или кожни дамки. Поконкретно, фотостареењето се случува кога процесот на стареење се забрзува како резултат на сончевото зрачење врз кожата.
Сите производи на Carroten остануваат стабилни 36 месеци. Важно е да се напомене дека, откако ќе се отвори, производот мора да се користи во рамките на границата означена со посебни ознаки на задниот дел на пакувањето (внатрешно или надворешно). Оваа ознака се состои од мал контејнер со отворен капак и број кој ги покажува месеците во кои производот може безбедно да се користи, по отворањето.
Потемнувањето на кожата се случува само ако фототипот на кожата го дозволува тоа. Ако Вашиот тип на кожа е 1 или 2 (многу светла / чувствителна кожа, светла кожа), ќе добиете тен со многу бавно темпо, бидејќи кожата произведува меланин во мали количини. Во случај да не користите производ за заштита, можете да добиете само црвена, дури и изгорена кожа, предизвикувајќи долгорочно оштетување. Иако Вашата кожа побавно ќе ја менува бојата кога користите производ за заштита од сончевото зрачење, добиениот тен ќе биде подобар и подолготраен, бидејќи ќе ја спречи кожата од горење и лупење.
Без разлика дали Вашата кожа е веќе потемнета или природно потемна, никогаш не треба да останете незаштитени. Зголемената количина на меланин може да ве заштити од изгореници од сонце, но не и од други негативни ефекти од изложување на сонцето, како што се фотостареењето или рак на кожата.
Маслото од морков е богато со каротеноиди. Најпознатиот каротеноид е бета-каротенот, кој се претвора во витамин А кога е во контакт со кожата. Бета-каротенот е провитамин кој ја храни кожата. Понатаму, тој помага да се забрза потемнувањето, придонесувајќи во производството на меланин. Последно, но не и најмалку важно, заштитната функција на бета-каротенот ја зголемува отпорноста на кожата од нападите на УВ зрачењето.