Уживајте безбедно под сонцето.
Кој не сака безгрижни семејни моменти покрај морето! Под сонцето, се чини дека се е совршено. Морето ве кани да уживате во својата свежина а Вие не можете да дочекате да создадете нови сеќавања со Вашето дете!
Сонцето му помага нашето тело правилно да функционира, зголемувајќи го производството на витамин Д, па затоа е и од суштинско значење за растот децата. Но, запомнете: само неколку минути изложеност на сонце е повеќе од доволно за кожата да добие изгореници. Заштита на чувствителната кожа од ултравиолетовото зрачење е задолжително нешто што мора да се направи.
Додека се впуштаме во уживањето да играме на отворено, резултатот може да биде претерана изложеност на сонце која не е од корист за децата.
Заштитете ја чувствителната кожа на детето од горење, избегнувајќи изложеност на сонце во часовите со најинтензивно зрачење: 10.00-16.00. Изложувањето на сонцето не предизвикува само изгореници, но исто така е поврзано со алергии на кожата. Земете во предвид користење на чадор за сенка и штитење од ултравиолетовата светлина.
“Влијание врз кожата на Вашето дете”
Секогаш треба да користите специјално изработен заштитен фактор за детска кожа, кој ќе биде водоотпорен и ќе содржи хипоалергични формули во својот состав. Побарајте го идеалниот производ кој ќе ја заштити деликатната кожа на Вашето дете и ќе ја обезбеди потребната сигурност и грижа. За бебиња помали од 6 месеци, не се препорачува изложување на сонце, додека кај мали деца од 6 месеци до 3 години можете да користите козметички средства за сончање за деца кои обезбедуваат висока заштита.
“Не заборавајте на маичката”
Во текот на часовите на интензивно зрачење, останете на место каде што има сенка и е ладно. Ако ова не е можно, осигурајте се дека Вашите деца носат облека со светли бои, шапка и очила за сонце.
“Бидете креативни”
Знаеме од прва рака дека ниту едно дете не сака да излезе од морето и да ја прекине забавата.Истовремено не може да ја разбере штетата од сончевите зрачења. Направете го времето “под чадор” забавно и интересно за децата. Посебни семејни активности, можат да направат Вашето дете да се чувствува пријатно и да помине извесно време со вас настрана од сончевата светлина. Не заборавајте да користите фактор за сонце дури и кога е под чадорот, бидејќи песокот одразува до 17% од сончевите зраци.
“Бидете добар пример”
Научете ги Вашите деца за важноста на заштитата од сонце, давајќи им добар пример со редовно користење на заштитен фактор!