Пакување за празници.

Пакувањето за летните одмори е возбудлив процес, но исто така може да стане кошмар обидувајќи се да го “минимизираме” нашиот плакар, избирајќи ги најважните предмети што треба да ги земеме со нас.

Мислете практично.

Производите што можат да се користат на повеќе начини се фаворити на зависниците од патувањето, бидејќи тие не зафаќаат многу простор во нашиот куфер. Изберете ја облеката и козметиката која може да се користи /носи на повеќе од еден начин. На пример, кимоното може да се носи како фустан,со додавање на појас а бронзерот, да се користи како сенка за очи.

Не заборавајте на заштитата на косата и потребните производи за нега. Зрачењето не влијае само на кожата, туку и на бојата на Вашата коса. Користете стилски капи што ќе ги комплетираат Вашите летни стилски комбинации а истовремено ќе обезбедат и дополнителна заштита на косата.

Инвестирајте во секој чекор што го превземете. Поминете некое време за да го изберете вистинскиот пар чевли. Еден убав пар удобни сандали за прошетки по улиците на островот, се најсоодветен избор. Бидете сигурни дека тие не се лизгави и дека ќе можете да ги носите многу часови во текот на денот.

“Заменете го” мобилниот телефон од работа со книга. Заедно со Вашите патувања, патувајте и со умот низ страниците на некоја убава книга.

Колку што е потребен костимот за капење толку е и факторот кој ќе ви овозможи заштита под летното сонце. Побарајте соодветно средство за сончање според видот и потребите на Вашата кожа, кое истовремено ќе соодветствува и на активностите што ќе ги одберете на Вашиот одмор. Што сакате да правите ова лето? Дали сакате да научите некој нов воден спорт или пак да го добиете тој интензивен тен што отсекогаш сте го посакувале? Изберете го вистинскиот заштитен фактор за сонце за секоја пригода!

Во текот на летото, на кожата е потребна поголема заштита и хидратација. Изберете збогатени производи со навлажнувачки и негувачки дејства на лицето и телото.

Среќен пат!