After Sun

Цело лето се обидувате да го добиете бронзениот тен за кој толку сте сонувале и се обидувате да направите се што треба истиот да го задржите. Она што најверојатно не сте знаеле е дека тајната на долготрајниот тен е грижа на кожата после изложеноста на сонце! Преку борбата против штетните ефекти на сонцето ќе го задржите тенот подолго и ќе и помогнете Вашата кожа да стане уште повеќе хидратизирана и здрава.

Најчестиот симптом од изложеноста на сонце е дехидрација на кожата. Ова чувство на истегнување на кожата не само што ја истенчува кожата, туку и побрзо создава брчки. За да го спречите тоа, избегнувајте производи со силни состојки и изберете хидратантни креми со богата навлажнувачка текстура која веднаш ќе ја подобри структурата на Вашата кожа.

Црвенилото е доказ на стресот кој го доживува кожата од сонцето. Не дозволувајте солта од морето да се исуши на Вас и исплакнете се со ладен туш. Против чувството на горење може да се бори со соодветен освежителен производ кој ќе ја навлажни кожата и ќе го спречи нејзиното лупење преку обновување на нејзината еластичност.

Пазете ги очите!

Изложеноста на сонце и солта ги иритираат очите. Плакнењето со камилица или парчиња краставица ќе ги освежат очите и ќе ја отстранат иритацијата .

Лесен пилинг.

Изложеноста на сонцето предизвикува и зацврстување на некои делови на кожата како на пример кај лактите и колената. Секоја недела правете пилинг за да добиете изедначен тен и мазна мека кожа.

Одржувајте го телото хидратизирано на секој можен начин. Преку консумирање многу овошје и зеленчук и користење навлажнувачки производи пилингот може да се избегне бидејќи така ќе се врати природната еластичност и влага, а Вашата кожа ќе зрачи со здравје и убавина.