БЕЗБЕДНА ЗАШТИТА

СОНЦЕТО

РАДИЈАЦИЈА

Како неисцрпен извор на енергија и живот, сонцето е поврзано со најбезгижното и среќно време од годината, летото. Без оглед на уникатните придобивки од него за целокупната благосостојба на телото преку рационална и контролирана изложеност, треба да се нагласи дека сонцето содржи и неколку ризици во случај на пролонгирано изложување. Најчестиот ефект на кожата од сончевото зрачење е црвенило.

Прекумерната и хронична изложеност може да предизвика сериозни здравствени последици, на пример, предвремено стареење на кожата, па дури и рак на кожата. Во зависност од типот на кожа и други фактори, времето на изложување, во кое ултравиолетовото зрачење може да предизвика сериозни претходно споменати ситуации, се разликува од едно до друго лице.

УЛТРАВИОЛЕТОВИ ЗРАЦИ (УВ)

УВА радијацијата продира подлабоко во кожата во споредба со УВБ зрачењето, додека нејзиното дејство е континуирано во текот на целиот ден и годината. УВА-зраците се одговорни за предвремено стареење на кожата, додека долготрајното изложување – особено од детството – може да доведе до рак на кожата.

УВБ радијацијата е најинтензивна во текот на летните месеци, со најголем интензитет во раните попладневни часови. УВБ радијацијата е одговорна за изгореници и осип на кожата предизвикани од изложување на сонце. Хроничната изложеност на овој вид на ултравиолетово зрачење исто така може да доведе до рак на кожата.

УВЦ зрачењето е најзагрозувачкиот вид на сочево зрачење. Тоа се апсорбира од слоевите на озонот и на тој начин не ја достигнува површината на земјата.

ВИДНА СВЕТЛИНА (ВЛ)

Видливата светлина е дефинирана како бранови должини кои се видливи за повеќето човечки очи. Со други зборови таа ги содржи сите бои кои човекот може да ги види со голо око. Таа е поврзана со оксидативен стрес и упорна хипер пигментација.

ИНФРАЦРВЕНИ ЗРАЦИ (ИР)

Инфрацрвеното зрачење е невидливо за окото. Тоа може да се открие само како сензација на топлина на кожата.

… А КОЖАТА

Кожата е витален орган на човечкото тело, бидејќи таа ги штити сите внатрешни органи од надворешното опкружување. Надворешниот слој на кожата е епидермисот, под кој лежи кориумот, внатрешниот слој на кожата. Многу важна функција на кожата е тоа да го штити телото од штетните ефекти на УВ зрачењето преку меланинот, пигмент произведен од меланоцитите.

Кожата е исто така вклучена во процесот од големо значење за доброто здравје на човечкиот организам: формирање на витаминот Д.

ВЛИЈАНИЕ

УВА (Стареење)

Пигментација на кожата
ДНА оксидација
Тенки линии и брчки
Темни дамки и нерамномерен тон на кожата

УВБ (Горење)

Изгореници
Оштетување на ДНА
Дехидратација
Воспаление
Длабоки брчки

ВИДЛИВА СВЕТЛИНА

Оксидативен стрес
Темни дамки
Безживотна кожа
Нерамномерни тонови на кожата
ИНФРАЦРВЕНИ ЗРАЦИ

Топлотна сензација
Оксидативен стрес
Деградација на ДНА
Уништување на колагенот

СОВЕТИ ЗА ХОЛИСТИСТИЧКА ЗАШТИТА НА СОНЧЕВО ЗРАЧЕЊЕ И ДОБИВАЊЕ ПРЕКРАСЕН ТАН

…ЗА ПРВИОТ ДЕН

  • Изложувањето на сонце не треба да надминува 30 минути, ако сакате да избегнете изгореници. Бавното потемнување е подобро, трае подолго и е побезбедно, поздраво.
  • Ако имате многу чувствителна кожа, првичното време на изложување на сонце треба да биде околу 15-30 минути. Времетраењето може да се зголемува за 10 минути, на секои два дена непрекинато изложување.
  • Ако имате чувствителна кожа, обично со пеги, која речиси секогаш гори и никогаш не потемнува, експертите препорачуваат заштитен фактор од 50 / 50+ во текот на првите неколку дена на изложеност на сонце.
  • Ако имате кожа која повремено гори и лесно потемнува, обично кафеава коса и очи, типичен медитерански тип на кожа, експертите препорачуваат, првично, заштитен фактор 20-30.
  • Ако имате темно кафеава кожа која никогаш не гори и многу брзо потемнува, експертите препорачуваат заштитен фактор 15-20 за првите неколку дена на изложување на сонце.

…ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛОТО ЛЕТО

1. Избегнувајте изложеност на сонце во текот на пладневните часови (11: 00-16: 00). Прекумерното изложување на сонце дури и со нанесен фактор за сончање, е опасно за здравјето.

2. Производот со заштитен фактор од сончево зрачење треба да се нанесе најмалку половина час пред изложувањето на сонце, со нанесување на соодветна количина по целото тело. Повторувајте често, особено по пливање,бришење со крпа или потење.

3. Бебињата и малите деца не треба да бидат изложени на директна сончева светлина. Тие исто така треба да бидат заштитени со соодветна шапка, очила за сонце и маичка.

4. Употребата на заштитниот фактор треба да се продолжи, дури и ако го добиете посакуваниот тен.

5. Изборот на заштитен фактор треба да се базира на типот на кожата: многу чувствителна ,чувствителна, нормална ,темна.

…ЗА ДОБИВАЊЕ НА ПОСАКУВАНИОТ ТЕН

1. Подгответе ја кожата со пилинг на лицето и телото. Мазната кожа е основа за добивање изедначен тен.

2. Нанесете средство за заштита од сонце на лицето и телото, најмалку 15-30 минути пред изложување на сонце и често повторувајте, особено по пливање,бришење со крпа или потење.

Запомнете дека, според типот на кожата, мудро е да започнете со повисок заштитен фактор кој постепено ќе го намалувате во однос на напредокот во потемнувањето на кожата и добивање на посакуваниот тен.

3. Нанесете го заштитниот фактор подеднакво. Не ги занемарувајте областите како што е внатрешниот дел на колената и зглобовите, горната страна на стапалата, рамениците и градниот кош. Обрнете внимание на деловите на телото склони на прекумерно потење, бидејќи потењето го разредува и ја намалува ефективноста на заштитниот фактор за сончање.

4. Не нанесувајте шминка додека сте на плажа.Козметичките производи ја спречуваат кожата од потење што може да предизвика деколорација или осип.

5. Откако ќе се вратите од плажа, направете ладна или млака бања. Темелно исчистете го лицето, користејќи лосион. Додека го хидратизирате телото со лосион, нанесете и богата хидратантна маска лицето. Одржувајте ги лицето и телото хидратизирани. Тоа е од витално значење не само за борбата против дехидратација и појава на брчки, туку и за задржување на Вашиот тен.

6. Сокот од морков е вреден сојузник, подготвен да ви помогне да добиете тен од Вашите соништа!

ЗЛАТНИ ПРАВИЛА

1.Не користете парфем или колонска вода пред и за време на изложување на сонце, за да избегнете појава на фотоалергии и деколорации на кожата.

2.Хидратизирање! Изберете да пиете вода и потрудете се да пиете околу 2 литри дневно. Потењето и изложеноста на сонцето ја намалува влагата на кожата која е од суштинско значење за доброто здравје и младост на кожата.

3.На кожата и е потребна вода исто како и на остатокот од телото. Но, изложеноста на сонце ги намалува природните нивоа на влага. Затоа, секој ден, особено по сончање и туширање, добра идеја е да се нанесува лосион за сонце или крема. Така, кожата ја задржува својата еластичност и мекост.

4.За да и помогнете на Вашата кожа и да ја одржувате светла и млада, запомнете дека консумирањето на свежи сокови, овошје и зеленчук го подобрува квалитетот и здравиот изглед на кожата.